Кристијано Роналдо го загуби трпението со управата на Јувентус и најави тужба против најтрофејниот италијански клуб за сумата што му се должи. Станува збор за вкупно 19,5 милиони евра, пари што клубот му ги ветил како покритие за намалените плати во времето на кризата поради коронавирусот.
Скандалот беше обелоденет по истрагата на италијанското обвинителство за водење на двојно сметководство и перење прави од управата на Јувентус, што на крајот резултираше со оставки на претседателот Ањели и на целокупниот управен одбор на „црно-белите“ од Торино.
Сите фудбалери на Јувентус од тој период, меѓу нив и Роналдо, се согласиле на откажување од најмалку четири месечни плати. Притоа, биле потпишани и дополнителни договори со кои Јуве ветува дека ќе ги покрие тие пари преку друга сметка. Ова го потврдија и Дибала, Кјелини и уште неколку фудбалери на „старата дама“, но Роналдо ќе биде првиот што по судски пат ќе ги бара парите што му се должат.
Според весникот „Ла Република“, крајниот рок за исплата бил јуни 2021 година, Кристијано повеќе од една година слушал празни ветувања од управата, а откако челниците на Јувентус си поднесоа оставки, Португалецот почнал постапка за правдата да ја бара по судски пат.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА