Кристијано Роналдо, најдобар фудбалер во 21. век

Кристијано Роналдо се закити со уште едно големо признание, добивајќи ја наградата за најдобар фудбалер во 21. век, во изборот на „Globe Soccer Award”, на церемонијата што денеска се одржува во Дубаи.

Во гласањето учествуваа над 21 милион фанови од 200 држави ширум светот, како и стручно жири со тренери како Капело, Липи, Конте… а Португалецот собра повеќе гласови од вечниот ривал Лионел Меси.

Кристијано допатува во Дубаи веднаш по поразот од Фиорентина на 23 декември, а по денешната гала-вечера ќе се врати назад во Торино и ќе му биде на располагање на Андреа Пирло за првиот меч од новата година, неделниот дуел со Удинезе.

 

Се вчитува...