Кристијано Роналдо официјално е најдобриот стрелец во историјата на фудбалот откако во полуфиналната победа на Јувентус во Копа Италија над Интер од 1-2 постигна два гола со кои стигна до бројката од 763 во кариерата.
Тој го помина на првото место на вечната листа Јозеф Бичан кој постигна 762 гола, исто колку што има и Пеле. Роналдо најмногу голови даде за Реал Мадрид 451, за Јунајтед постигна 118, додека досега во Јувентус 86 пати се запиша во листата на стрелци.
Во дресот на португалската репрезентација постигна 102 гола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

