Кристијано Роналдо: Обично збогум до „Кралот Пеле“ никогаш нема да биде доволно за да се опише болката

Кристијано Роналдо е еден од бројните фудбалски асови што преку социјалните мрежи се збогува од Пеле, по смртта на фудбалскиот великан, кој денеска ја загуби долгата и тешка борба со пакосната болест.

„Мое искрено сочувство до цел Бразил, особено до семејството на Едсон Арантес до Насименто. Обично збогум до Кралот Пеле никогаш нема да биде доволно за да се опише болката што ја чувствува целокупниот свет на фудбалот. Инспирација за милиони, синоним за вчера, денеска и засекогаш. Љубовта што ја покажуваше кон мене беше целосно возвратена во секој момент што го делевме заедно, дури и кога бевме оддалечени“, напиша Роналдо…

Се вчитува...