Кристијано Роналдо од Ал Наср ќе прави „мал Реал Мадрид“

Кристијано Роналдо оваа зима направи сензационален трансфер во Саудиска Арабија каде ќе игра во боите на Ал Наср. Пребогатиот клуб успеа да го примами поругалскиот ас со „понуда која не се одбива два пати“, а се чини дека 37-годишникот има и одврзани раце кога станува збор за трансферите во клубот.

По првичните информации дека Саудиците ќе тргнат по потписот на Кејлор Навас кој беше дел од златната генерација на шпанскиот гигант, новиот гласини велат дека во следниот период Ал Наср ќе се обиде да ги ангажира и Серхио Рамос, Пепе и Марсело.

Рамос како и Навас е дел од ПСЖ, Пепе се уште „царува“ во одбраната на Порто, додека Марсело од минатото лето е дел од Олимпијакос.

Се вчитува...