Португалсија славеше со убедливи 6-1 над Швајцарија во последниот натпревар од осминафиналето на Светското првенство во Катар. И покрај убедливата победа на Португалците, главна тема во медиумите е тоа што оваа неверојатна игра на селекцијата на „селесао“ дојде откако Кристијано Роналдо се најде на клупата за резерви.
Тој ги одигра само последните дваесетина минути откако мечот одамна беше решен, поради што порано го напушти теренот додека неговите соиграчи славеа со навивачите. Како капак на ова доаѓа информацијата дека Кристијано одбил директна наредба од предводникот од клупата поврзано со тоа кој каде ќе тренира.
Традиционално, фудбалерите што беа стартери синоќа утринава тренираа во теретана, додека резервистите на терен. Роналдо требаше да биде дел од втората група бидејќи почна од клупата, но самоволно решил да им се придружи на првотимците и тренингот го одработил со нив.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА