Кристијано Роналдо подготвен за настап после еден месец пауза

Португалската ѕвезда Кристијано Роналдо и официјално е подготвен да се врати на трените по повредата на бутниот мускул.

Откако го откажа настапот за Португалија на турнејата во САД, се врати на тренинзите на Ал-Наср, а во вторникот тренираше под максимален напор, покажувајќи дека е 100% подготвен за игра.

Капитенот го одби повикот на селекторот Мартинез за Португалија, и остана во Мадрид да се опорави.

41-годишниот фудбалер треба да се врати на теренот во петок, на домашен натпревар против Ал Наџма, последниот тим во саудиската лига со само 8 бода, откако ги пропушти натпреварите против Неом СЦ (1-0) и Ал Халиџ (5-0). Победи што го одржаа неговиот клуб на врвот на првенството. 

Неговиот последен меч беше пред еден месец, односно на 28 февруари.

Се вчитува...