Кристијано Роналдо пречекан со овации во Ријад

Кристијано Роналдо во 2023 година влегува со нов клуб откако потпиша двогодишен договор со Ал-Наср вреден 500 милиони евра. 37-годишникот покрај играчката улога ќе ја има улогата и на амбасадор со цел Саудиска Арабија да добие домаќинство на некое од престојните Светски првенства.

Португалскиот ас веќе слета во главниот град Ријад каде беше пречекан со овации, а тој упати и порака до навивачите велејќи дека ќе се видат наскоро. Неговото официјално претставување се очекува денеска, но „Роналдо манијата“ веќе започнат со голем број на продадени дресови.

Се вчитува...