Кристијано Роналдо пред потпис со Спортинг Лисабон!

Кристијано Роналдо претходното лето направи сензационален камбек во Манчестер Јунајтед, но по само една сезона помината со „црвените ѓаволи“ е пред заминување и уште една сензација со трансфер во редовите на Спортинг Лисабон.

Португалецот и претходно се поврзуваше со враќање назад во татковината, неговиот автомобил беше виден на стадионот на Спортинг, но тогаш 37-годишникот ги одби гласините. Сега тој повторно е во центарот на вниманието со овој трансфер, а овој пат изворите велат дека само потпис го дели од камбек во „зелено-белиот“ дрес.

Како потсетување, Роналдо ова лето на секој начин се обидуваше да изнуди заминување од „Олд Трафорд“. Тој беше понуден на разни клубови од Англија до Германија и Шпанија, меѓутоа европските великани го одбија преискусниот голгетер.

Се вчитува...