Кристијано Роналдо со два голови го предводеше Ал Наср до историски трофеј (ВИДЕО)

Фудбалерите на Ал Наср предводени од Кристијано Роналдо го освоија првиот трофеј во арапската Лига на Шампиони откако славеа во големото финале против Ал Хилал со 2-1.

Градското дерби го одбележаа три црвени картони, сите во редовите на Ал Наср, но и тоа како и негативата од 1-0 од 51. минута не го спречи тимот на Роналдо да се радува на трофејот. Португалскиот ас донесе изедначување во 74. минута, а откако регуларниот дел од натпреварот заврши со 1-1, Роналдо го постигна и победоносниот гол во 98. минута.

Се вчитува...