Кристијано Роналдо собори нов неверојатен рекорд

Кристијано Роналдо (40) „сруши“ уште еден рекорд во својата величествена кариера, славниот Португалец стана првиот играч во историјата на фудбалот кој постигнал 100 голови за четири различни тима.

Роналдо стигна до 100 гола во својата кариера за Реал Мадрид, Манчестер Јунајтед, Јувентус, а сега и за Ал-Наср.

Ова е ново признание за најдобриот стрелец во историјата на фудбалот (повеќе од 930 гола за клубот и репрезентацијата), но и најдобар стрелец во историјата на Лигата на шампионите (140 гола).

Се вчитува...