Кристијано Роналдо „Тhe Best“ – Наградата за најдобар фудбалер повторно во рацете на Португалецот

„The Best“ наградата за најдобар играч која ја доделува ФИФА за 2017 година, повторно му припадна на мега – ѕвездата на Реал Мадрид, Кристијано Роналдо. Португалецот собра повеќе гласови од конкурентите Лионел Меси од Барселона и најскапиот фудбалер, Нејмар. Роналдо сосема заслужено ја освојува оваа престижна награда, веќе втора година во низа, поради успесите со „кралскиот тим“, и сега се изедначува по бројот на награди со Меси, двајцата имаат по пет.

„Им благодарам за сите кои го дадоа својот глас за мене, сметам дека Меси и Нејмар исто така заслужуваат да се на ова место. Мило ми е што фудбалските „оскари“ се во Англија за прв пат, а јас втора година во низа ја освојувам оваа награда. Им благодарам на фановите за поддршката низ сите овие години поминати заедно со „кралското“ семејство“, изјави Роналдо.

Роналдо исто така по 11. пат се најде на подиумот меѓу најдобрите единаесет, заедно со соиграчите од тимот, Марсело, Серхио Рамос, Лука Модриќ и Тони Крос. Покрај петмината на Реал, во идеалниот тим  беа одбрани и Леонардо Бонучи, Дани Алвеш, Андрес Иниеста, Лионел Меси, Нејмар, и секако најдобриот голман за оваа година, Џиџи Буфон.

DM2Iw9XXcAINS1x

24-годишната репрезентативка на Холандија и член на женскиот тим на Барселона, Лике Мартинс ја освои наградата за најдобра фудбалерка за 2017 година. Фудбалерката за врска на „лалињата“ ја предводеше репрезентацијата до самата завршница на ЕП за жени, каде на првенството исто така беше одбрана за најдобра.

Наградата за најдобар голман за 2017 година оди кај Џанлуиџи Буфон. Чуварот на мрежата на Јувентус игра на високо ниво и во својата 39. година. Минатата сезона ја предводеше „старата дама“ до финалето на Лигата на шампиони, како и шетата титула во низа во Серија А. Буфон доби повеќе гласови пред голманот на Реал Мадрид, Кејлор Навас, односно голманот на Баерн Минхен, Мануел Нојер.DM2FfpGW4AAeffo

Најдобар тренер според ФИФА  за 2017 година е францускиот стратег на Реал Мадрид, Зинедин Зидан. Екс-фудбалерот на „кралевите“ во улога на предводник од клупа го однесе тимот до одбрана на европскиот трофеј, и до самиот врв на Шпанија по пет години пауза, па сосема заслужено ја добива наградата за најдоабр стратег пред  тренерот на Јувентус, Максимилијано Алегри и менаџерот на Челси, Антонио Конте.

За најдобар тренер во женска конкуренција наградата ја доби селекторката на холандската женска репрезентација, Сарина Вигман. Вигман ја однесе селекцијата на Холандија до златниот медал на Европското првенство на свое тло, победувајќи ја репрезентацијата на Данска во финалето со резултат од 4-2, а при тоа успеаја да го направат тоа без ниту еден пораз.

Се вчитува...