Иднината на Кристијано Роналдо во Ал Наср повторно е доведена во прашање, овојпат откако португалскиот ас ја напуштил Саудиска Арабија заедно со семејството стравувајќи за својата сигурност.
Бројни европски медиуми објавија дека неколку часа по бомбардирањето на американската амбасада во Ријад, Роналдо со своето семејство ја напуштил земјата во која настапуваше во последните две години.
Португалската суперѕвезда поседува приватен авион, со кој со своите најблиски се упатил кон Мадрид, каде слетал по седумчасовен лет од Ријад.
Се очекува Кристијано да остане во шпанската метропола најмалку една седмица, да чека смирување на страстите во регионот за да почне да размислува дали воопшто да се врати назад во Саудиска Арабија, особено доколку продолжи воениот конфликт во регионот.
Извори блиски до Португалецот тврдат дека тој нема намера да се врати додека не биде постигнат мировен договор, а доколку тоа не се случи наскоро, Кристијано ќе почне преговори со заинтересирани клубови за летен трансфер назад во Европа.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

