ЕКИПА во Будимпешта,Билјана Б.Петрушева, Игор Паневски
Романката Кристина Неагу го одигра последниот меч во дресот на Будуќност и тоа токму против својот иден клуб ЧСМ Букурешт во малото финале на Ф4 турнирот во Будмпешта. Неагу која изминативе неколку години беше носител на играта во цроногорскиот шампион, жали што својата разделба со Будуќност не ја прослави со победа.
„За мене ова беше натпревар со многу емоции. И благодарам на екипата на Будуќност за се што направија за мене во изминативе години. Поминав прекрасни години таму, ми помогнаа во тешките моменти кога бев повредена да се вратам на терен. Жалам само што се разделуваме со пораз. Ова беше мојот последен натпревар во дресот на Будуќност. Но животот оди понатаму, сега гледам кон иднината и се надевам дека ќе имам убави моменти и со ЧСМ Букурешт во иднина“ – изјави Кристина Неагу по натпреаврот за 3.место.
Ова беше последен натпревар во дресот на Будуќност и за пикерот Драгана Цвијиќ која пак од следната сеозна ќе го носи дресот на Вардар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА