Кристоферсен доминантно на слаломот во Гармиш

Хенрик Кристоферсен стигна до првата победа сезонава во Светскиот куп во алпско скијање откако славеше на слаломската трка во германскиот ски-центар, Гармиш Партенкирхен.

Норвежанецот до победата стигна на доминантен начин со вкупно време од 1:48.37 минута, што беше за 1.22 секунда подобро од второпласираниот Австриец, Мануел Фелер. Подиумот го надополни Французинот, Клемен Ноел со заостанување од 1.46 секунда зад времето на победникот.

Најдобрите алпски скијачи се селат во швајцарски Аделбоден каде викендов на програмата се трките во слалом и велеслалом.

Се вчитува...