Норвежанецот Хенрик Кристоферсен е победник на денешниот слалом во францускиот ски центар Вал Дизер. За него тоа е 31. победа во Светскиот куп.
На втората позиција се пласираше неговиот сонародник Атле Ли Меграт, кој заостана 52 стотинки додека третото место му припадна на Лоик Меилард од Швајцарија кој имаше заостанување од 89 стотински.
Во генералниот пласман Кристоферсен води со 290 бодови пред Марко Одермат со 280. Трет е Меграт со 202 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА