Легендарниот норвешки скијач Хенрик Кристоферсен е победник на ноќниот слалом кој вечерва се одржа во австрискиот ски-центар, Шладминг како дел од сезоната од Светскиот куп во алпско скијање.
Кристоферсен до победата стигна со вкупно време од 1:53.80 што беше за 34 стоти делови од секундата подобро од неговиот сонародник Атле Ли Меграт. Подиумот го надополни Клеман Ноел од Франција.
Ова беше последна слаломска трка пред стартот на Зимските олимписки игри во Милано – Кортина.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

