По успешниот старт на квалификациите за Европското првенство и победата против аутсајдерот во групата Ц, Малта (2-1) фудбалската репрезентација на Македонија ја очекува пријателски меч против Фарски Острови.
Селекторот Благоја Милевски говореше и за големиот број критики кои ги добива во последно време поради слабите резултати.
„За реализацијата се поставени многу прашања. Јас не познавамм играч кој не сака да постигне гол кога е во таква прилика, Но, прашање е на ситуацијата. Однадвор се гледа дека е лесно, но не е така на терен. Ниту пред, ниту после меч не ги читам критиките. Критиката секогаш е добредојдена, но ако е издржана со факти. Не бегам од дебата и за мојата работа и за резултатите, но само ако се користат факти“, изјави Милевски.
Натпреварот кој ќе се игра на националната арена „Тодор Проески“ во Скопје е закажан за утре со почеток во 18 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА