Критики од сите страни: Ова е најслабиот Манчестер Јунајтед оваа деценија

Навивачите на Манчестер Јунајтед сигурно веруваа дека тимот не може да игра послабо од она што го покажуваше под Ерик тен Хаг, но не требаше да мине многу време за да се соочат со суровата реалност. Рубен Аморим делува како човек кој создаде многу повеќе проблеми отколку што најде решенија, па „црвените ѓаволи“ синоќа загубија со 0-2 од Њукасл, фрустрирајќи ги уште еднаш верните навивачи.

Фрустрациите беа најочигледни по замената на Циркзе со Маино во 32. минута, кога голгетерот се упати директно кон соблекувалната наместо да остане на клупата, а речиси цел стадион го „награди“ со гласни свирежи за она што го прикажа во оние триесетина минути што ги мина на теренот.

„Аморим беше цврст во изјавите дека нема да ја менува својата филозофија, но сигурно е дека тој човек пати од она што го гледа. Првите триесет минути беа навистина тешки за гледање ако сте фан на Манчестер Јунајтед. Резултатите се против нив, играчите не можат да се навикнат на системот, самодовербата на сите е на најниско ниво. Веќе никој не зборува за Европа, туку постои загриженост дека Манчестер Јунајтед ќе се бори за опстанок. За мене нема дилема, овој тим на Манчестер Јунајтед е најслабиот во последната десетина од клупската историја“, изјави Гери Невил, долгогодишниот дефанзивец на „црвените ѓаволи“ кој сега работи како стручен аналитичар за „Скај Спортс“.

Се вчитува...