Репрезентацијата на Србија и покрај големата желба, сепак, не успеа да ја помине групата на Европското првенство во Германија, и вчера беше елиминирана од натпреварувањето по ремито со Данска. Србите со два бода беа последни во групата, и така се пакуваат за дома.
Критиките кон играчите и кон селекторот се се поголеми, а со своја реакција се јави Раде Богдановиќ, познат што ги критикува играчите и селекторот Пикси.
„Селекторот после натпреварот се фалеше, како што тоа го прави во овие години. Неговиот најголем проблем е што тој секогаш игра фудбал, што е самобендисан и суетен, но не е објективен. Тој е селектор. Ми пречи неговата суета. Никој не очекуваше дека ќе не удираат како вреќа. Човекот има плата од 1,5 милиони евра и кажува како некој очекувал дека ќе не удираат како вреќа. Па селекторе, не те доведовме за некој да не удира. Ти дозволија новинарите во Минхен да се ставиш над тимот, и ништо не смеат да те прашаат“, рече Богдановиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА