Крива Паланка е есенски шампион во Суперлигата во пинг-понг!

Екипата на Крива Паланка без ниту еден пораз е есенски шампион во Суперлигата на Македонија во пинг-понг. Екипата на Астраион од втората по ранг македонска лига, пак, е најсериозен кандидат за влез во најдобрата македонска пинг понгарска лига.

На второто место зад Крива Паланка во Суперлигата по есенскиот дел заврши неколкукратниот шампион Младост 96 со 17 бодови, а на третото место е Шампиони ФА со 15 бодови.

Во Првата македонска лига, втора по ранг по Супер лигата, Астраион од Струмица е екипата без ниту еден пораз и со 16 бодови на врвот. Веднаш позади се Радовиш со 15 и Прилеп со 14 бодови.

И покрај доминацијата на екипите од Крива Паланка и Струмица во двете најдобри лиги пролетниот дел од сезоната ќе биде посебно возбудлив и неизвесен.

Покрај лигашките натпревари во јануари во Скопје ќе се одржи Европско првенство во категорија до 21 година, додека во септември годинава Пинг-понгарската федерација го организираше меѓународниот натпревар WTT Youth Star Contender.

Се вчитува...