Крива Паланка со триумф над Бадел до првото место на табелата

Кошаркарките на Крива Паланка триумфираа со 64-58 на дуелот против Бадел, со што се искачија на првото место на табелата по шест комплетирани кола во „Шпаркасе Лајф“ Првата лига во женска конкуренција.

Домашниот тим имаше целосна контрола над резултатот, доминирајќи од самиот старт и првата четвртина што ја доби со 20-11. Бадел беше подобар во вториот период и намали на 34-31, на Крива Паланка не им дозволи на гостинките од Скопје да направат пресврт, имаше предност (иако не преголема) до самиот крај и заслужено да се радуваат на победата.

Алексис Пул беше во главна улога со импресивен дабл-дабл од 32 поеи и 11 скокови, додека Груевска придонесе со 13 поени за оваа победа.Чолакоска со 20 поени беше најефикасна во таборот на Бадел.

„ШПАРКАСЕ ЛАЈФ“ ПРВА ЛИГА-ЖЕНИ

РЕЗУЛАТИТИ 6.КОЛО

Крива Паланка – Бадел 1862   64:58

Баскет кам – Патриот 2016      74:38

Вардар – Пробаскет       85:79

МЗТ Бела вода – Спорт тим    54:37

ТАБЕЛА

1.Крива Паланка         6 5 1 491:355   11

2.Баскет кам                6 5 1 412:313 11

3.Вардар                        6 5 1 430:387 11

4.Бадел 1862                6 4 2 338:266 10

5.Пробаскет                 6 3 3 485:452 9

6.МЗТ Бела вода        6 1 5 338:404 7

7.Спорт тим                 6 1 5 307:414 7

8.Патриот 2016          6 0 6 296:506 6

ИДНО КОЛО (06.12)

Пробаскет – Баскет кам

Патриот 2016 – МЗТ Бела вода

Бадел 1862 – Вардар

Спорт тим – Крива Паланка

Се вчитува...