Кривањева: Против Шкупи не чека најтешкиот меч пролетва, но ќе дадеме се од себе да останеме на врвот

Струга ТЛ, по паузата во претходната рунда, утре во 22. коло од Првата македонска фудбалска лига на домашен терен го пречекува актуелниот шампион Шкупи во дербито на колото.

Јасно е дека ќе биде натпревар за лидерската позиција, кој може многу нешта да определи околу натамошниот тек во битката за шампионската титула.

Дефанзивецот Бесарт Кривањева, кој претходно во кариерата има настапи и за Шкупи, верува дека Струга ТЛ ќе одигра квалитетно против чаирчани со поддршка и на домашните навивачи.

„Натпреварот против Шкупи ќе биде еден од најтешките за нас пролетва. Играме против актуелниот шампион така што пристапот и сериозноста на тимот мора да бидат на највисоко ниво. Со новиот тренер Шпетим Дуро работиме добро деновиве, па силно веруваме дека со максимална посветеност ќе успееме да го добиеме тоа што го сакаме“ – вели Кривањева, притоа дополнувајќи:

„Точно е дека убави моменти во Шкупи, но ние сме професионалци, во моментов ги бранам боите на Струга ТЛ и ќе дадам се од себе за овој дрес, да дојдеме до позитивниот резултат. Се надевам дека Струга ќе остане прва на табелата“.

Се вчитува...