Филипчев поднесе кривична пријава за „измама и злоупотреба од лицето Александар Маленко“, се вели во соопштението од Националната пливачка федерација. Како што се дополнува во соопштението „сето ова е за да се стави крај на манипулациите на Маленко“.
„На барање на пливачките клубови во Македонија беше свикано Вонредно собрание на кое се смени името на федерацијата, Пливачката федерација на Македонија (ПФМ) се преименува во Национална пливачка федерација на РСМ, а исто така поради незадоволство од работата беше сменет тогашниот претседател Александар Маленко и беше избран Филипчев за нов предводник. Одлуките од тоа собрание се спроведоа во Централниот регистар на Македонија кој ги потврди промените. Исто така беше известена и светската пливачка федерација (ФИНА), но и покрај тоа Маленко се уште се претставува за претседател на ПФМ“ – се вели меѓудругото во соопштението од Националната пливачка федерација потпишано од Александар Филипчев.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА