Криза е во Работнички: Американците еден по еден се пакуваат и си одат

Работнички ја стартуваше сезоната со скромен ефект 4-4 во првите осум рунди од Супер-лигата, но многу поголем проблем од резултатите во таборот на „центарци“ повторно претставуваат финансиите.

Долговите за жал се нормална работа во Работнички со години и години наназад, но странците немаат намера да седат и да играат „гратис“, па еден по еден се пакуваат и си заминуваат од редовите на најтрофејниот македонски кошаркарски колектив, кој за жал одамна е под нивото на кое треба да функционира.

Работнички пред неколку дена остана без центарот Џејкоб Хатсон, кој со просечен индекс од над 30 поени беше најдобар играч во лигата од стартот на сезонава. Тој се пресели во редовите на турскиот Орманспор откако беше активирана откупната клаузула, а по Хатсон од Работнички вчера си замина и Брет Томпсон.

Американскиот плејмејкер имаше просек од 16,8 поени по натпревар, но од денеска тој и официјално повеќе не е дел од „центарци“, за зголемени главоболки на тренерот Мирковски пред наредните предизвици сезонава.

Се вчитува...