Криза во Арсенал: Втор натпревар во низа без постигнат гол во Премиерлигата

Арсенал забележа ново реми во Премиерлигата, овој пат на гостувањето кај Нотингем Форест во 22. коло, меч кој заврши со 0-0.

Ова е вториот натпревар во низа во Премиерлигата во кој избраниците на Микел Артета не успеаваат да постигнат гол, но и покрај тоа „топчиите“ ја зголемија предноста на врвот на табелата со оглед на тоа што Манчестер Сити претрпе пораз во дербито на Манчестер.

Арсенал сега има 50 освоени бодови, седум повеќе од Манчестер Сити и Астон Вила. Нотингем Форест пак останува при дното на табелата со 22 освоени бодови.

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...