Кризата е се подлабока: Милан загуби дома со пенал во последната минута

Серџо Консеисао е се поблиску до отказ од Милан откако резултатската криза на „росонерите“ се продлабочи со денешниот пораз на домашен терен од Лацио со 1-2. Ова беше трет пораз во низа во Серија А за „росонерите“, а ако на тоа се додаде и елиминацијата од ЛШ од тимот на Феенорд, јасно е зошто многумина веруваат дека Консеисао во наредните 48 часа ќе добие отказ од тренерската функција.

ЛАцио имаше целосна контрола во првото полувреме во кое Милан се мачеше да наметне темпо, а гостите од Рим заслужено поведоа преку Закањи. Консеисао направи неколку измени, домаќинот заигра подобро, но нешто подоцна „росонерите“ останаа со играч помалку по исклучувањето на Страхиња Павловиќ.

Дури и со десетмина на теренот домаќините стигнаа до израмнување преку Чуквуезе во 84. минута, но тоа не беше крај на возбудувањата откако во судиското продолжение Мењон направи пенал, по што Педро од белата точка ги донесе трите бода на гостите од Рим.

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...