Црвена Звезда се наоѓа во сериозна криза, српскиот првак не само што не ги оправда очекувањата во Лигата на Шампионите, туку игра слабо и на домашната сцена, каде по 12 кола веќе заостанува шест бода зад лидерот Партизан.
Израелецот Барак Бахар беше доведен како предводник на новиот проект, но овој стручњак воопшто не ги оправда очекувањата, па по синоќешното реми на домашен терен со ТСЦ се одржа кризен состанок на челниците на клубот на кој се дискутираше за состојбата во која се наоѓа Црвена Звезда. Опција беше и тренерска смена, но „црвено-белите“ решија да му дадат уште една шанса на Бахар, кој останува на клупата на српскиот шампион.
„УО на Црвена Звезда одржа итна седница по вчерашниот натпревар и ги анализираше игрите и резултатите во последниот период. Заклучокот е дека евидентно постои криза во играта и во резултатите во последните два месеци, но и убедени сме дека тренерот Бахар и играчите со своајта работа во наредниот период ќе ги надминат овие проблеми и ќе го покажат квалитетот што несомнено го поседуваат. По шест титули во низа, сакавме нов чекор напред, сакавме подобра и европска Црвена Звезда.Донесовме нов тренер, го подмладивме тимот и вложивме многу пари во нови фудбалери. Во подготвителниот период се изгледаше добро, но и тогаш бевме свесни дека ќе постојат подеми и падови како што ќе минува сезоната. Го разбираме незадоволството на навивачите, тоа е сосема природно кога Црвена Звезда е во криза, но за сето ова е потребно време и трпение. Ние како управа веруваме во играчите и веруваме во тренерот Бахар“, се вели во соопштението на српскиот шампион.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА