Крка и дефинитивно е тимот што го освојува последното место во АБА-лигата за оваа сезона, што ќе значи и испаѓање на тимот од Ново Место од силното регионално натпреварување.
Вечерва во идентичен термин стартуваа средбите Задар – Унион Олимпија и Крка – Цибона, но ситуацијата околу опстанокот стана јасна откако Задар славеше на својот меч со 81-78, со што исчезнаа и последните шанси Крка да остане дел од АБА и во следната сезона. Мечот во Хрватска заврши неколку минути порано, па откако се стана јасно, Словенците немаа причина за радост и покрај победата над Цибона (95-91) немаа причина за радост.
МЗТ Скопје и Карпош соколи го обезбедија опстанокот, но тоа не значи дека Македонија и догодина ќе има двајца претставници во АБА. Согласно пропозициите, нашата земја останува со еден учесник – шампионот во Првата лига, додека Македонија би можела да има втора екипа само доколку таа плати вајлд-карта за учество, како што сезонава тоа беше случај со Карпош соколи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА