Кројф официјално назначен за спортски директор на Барселона

Жорди Кројф, досегашниот советник на претседателот на Барселона, и задолжен за странските засилувања во екипата, е назначен за нов спортски директор на „каталонците“.

Холанѓанецот играше во дресот на Барса од 1993 до 1996 година, го презеде клубот минатата година. За неговата позиција се шпекулираше уште од летово, а денеска Барселона официјално објави дека Кројф ќе биде новиот спортски директор.

Кројф наводно е најзаслужен за политиката на клубот околу засилувањата во изминатите два преодни рока. Особено во овој кога Барса ангажираше многу засилувања, со кои ќе сака да го врати шампионскиот сјај.

Се вчитува...