Легендарниот германски фудбалер од средниот ред и поранешен играч на Реал Мадрид, Тони Крос во својот подкаст „Einfach mal Luppen“ детално ја анализираше играта на Барселона под водство на тренерот Ханси Флик.
Иако ја пофали привлечноста, тој ги истакна и клучните слабости за кои верува дека ќе ги чинат успех во Лигата на шампионите.
Кроос верува дека играта на Барселона е една од најзабавните за гледање во Европа, но нивната „опсесија“ со секогаш играње на ист начин ги прави исклучително ранливи.
„Барса има еден од најатрактивните стилови, ако не и најатрактивниот во цела Европа, но мислам дека преземаат премногу ризици. Кога Педри, Ламин ли Рафиња имаат лош ден, секој тим може да ги победи. Можат да ги елиминираат од Лигата на шампионите. Минатата година тоа веќе им се случи со Интер, а оваа година, во осминафиналето, четвртфиналето, полуфиналето или финалето, во еден момент ќе се сретнат со таков противник кој ќе ги исфрли. Тоа ќе им се случи во Лигата на шампионите, нема да им се случи во ппанската лига бидејќи се многу доминантни“, рече Крос.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

