Поранешниот германски репрезентативец Тони Крос се збогува со Реал Мадрид и стави крај на богатата кариера со крајот на сезоната 2023/24.
Крос по неколку месечна пауза се враќа на „Сантијаго Бернабеу“, но не во улога на фудбалер, туку на гледач бидејќи ќе биде специјален гостин на тимот за дербито со Вилјареал па за тоа говореше и на својот подкаст.
„Одлуката е конечна. Мораме тоа да го прифатиме, нема смисла да се навраќаме на тоа. Тоа што луѓето го говорат е комплимент, треба да се навикнеме на тоа. Реал Мадрид продолжи и кога замина Кристијано Роналдо, и кога замина Серхио Рамос. Клубот ќе се приспособи и ќе продолжи да победува. Без нив и покрај тоа што се апсолутни легенди и важни играчи освоени се две Лиги на Шампиони. Истото ќе се случи и сега.
Чудно ми е да ги гледам натпреварите на Реал Мадрид, друга е перспективата сега. И понатаму се чувствувам како да сум дел од тимот, тоа не можам да го игнорирам. Но, немам потреба да кажам дека ми недостига чувството да играм“, вели Крос.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА