Новата сезона од „Ла Лига“ стартуваше со неверојатни погодоци, Адуриз со „ножички“ ја потопи Барселона, а денеска бевме сведоци на ремек-дело на Тони Крос.
Германскиот ас прифати топка на околу 25 метри од противничкиот гол и со неверојатен удар ја смести под гредата, за водство на Реал на гостувањето против Селта од 0-2. Значењето на голот е уште поголемо ако се знае дека Реал само неколку минути претходно остана со играч помалку на теренот откако црвен картон заработи Лука Модриќ.
What a goal by Toni Kroos Real Madrid vs Celta de vigo 2-0 Kroos Golpic.twitter.com/43UzAjewwK
— Zwode (@STREQM1) August 17, 2019
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА