Крос: Денеска и официјално е мој последен ден како фудбалер на Реал…

Германскиот репрезентативец и еден од најдобрите фудбалери на неговата генерација Тони Крос најави дека по Европското првенство става крај на блескавата кариера. Денеска, тој тоа го потврди со објава на Инстаграм на која напиша дека денешниот ден е последен негов како член на Реал Мадрид.

Крос професионалната кариера ја почна во 2009 година во Баер Леверкузен каде една сезона беше на позајмица од Баерн Минхен. Следните четири години ги помина во баварскиот тим, пред да премине во Реал Мадрид во кој остана до денеска. Освои шеста титули во Лигата на шампионите, а четири пати ја освојуваше Ла лига. Од мандатот во Баерн Минхен тој има три титули во Бундеслигата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Toni Kroos (@toni.kr8s)

Се вчитува...