Крос ги шокираше навивачите на Реал Мадрид: Голот на Лајпциг требаше да биде признат

И ден после натпреварот помеѓу Лајпциг и Реал Мадрид, траат полемиките околу голот на германскиот тим во 2. минута, кој беше поништен поради офсајд.

Мислењата се поделени. Додека шпанскиот судија Матеу Лахоз смета дека голот требало да биде признат, со него не се сложува легендарниот Тјери Анри кој кажа дека голот е оправдано поништен.

Се јави со свое мислење и фудбалерот на Реал Мадрид, Тони Крос кој со своето мислење ги шокираше навивачите на својот тим.

„Јас тука гледам дека голманот не беше блиску до топката. Требаше голот да биде признат. Немам што друго да кажам“, рече Крос.

Се вчитува...