Реал Мадрид ја совлада Борусија Дортмунд со 2-0 во финалето на Лигата на шампионите. Покрај новиот трофеј за Реал, натпреварот на „Вембли“ ќе остане запаметен и како последен клупски натпревар во богатата кариера на Тони Крос.
Тој во 85. минута го напушти теренот со овации, а на негово место влезе Лука Модриќ. Крос имаше емотивно излегување од игра и ги поздрави навивачите на Реал.
Крос забележа 464 настапи за Реал и ќе остане запаметен како еден од најголемите играчи во историјата на Кралскиот клуб. Постигна 28 гола, додаде 98 асистенции и освои дури пет титули во Лигата на шампионите. Во кариерата ќе игра уште едно Европско првенство во Германија, по што засекогаш ќе ги обеси копачките.
We love you, Toni Kroos. 🤍 pic.twitter.com/73IxzIL7Do
— TC (@totalcristiano) June 1, 2024
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА