Германија и Шпанија ќе се сретнат во четвртфиналето на Европското првенство. Еден од најдобрите фудбалери на „панцирите“ Тони Крос по крајот на шампионатот става крај на богатата фудбалска кариера, а веќе секој следен меч може да биде последен за него.
Тој на официјалната прес-конференција пред четвртфиналниот меч рече дека е сигурен дека мечот со Шпанија нема да биде негов последен во кариерата.
„Секако дека ќе ми недостига играњето фудбал, но нема да правам преголема драма околу тоа. Нема да имам голема носталгија, но се надевам дека последниот натпревар во кариерата нема да биде овој против Шпанија. Сите силно ја посакуваме победата и мораме да одиграме максимално пред домашната публика. Ние сме Германија и секогаш имаме највисоки амбиции, а целта е секако освојување на шампионската титула“, рече Крос.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА