Играчот од средниот ред на Германија, Тони Крос, напиша долга и емотивна порака на социјалните мрежи по повод неговото пензионирање после поразот од Шпанија и елиминацијата од ЕВРО 2024.
Натпреварот против Шпанија се покажа како последен во неговата богата кариера.
„Мојот телефон заѕвони на 29 септември. Ме повика Нагелсман, да се вратам во репрезентацијата. Првата мисла во мојата глава: не сум глупав! Првата мисла во моето срце: О, да! Како што сите знаеме срцето го победува умот. Мојата прва мисла утрово на 6 јули 2024 година: Мило ми е што го направив тоа. И покрај сета тага и празнина по последниот судиски свиреж вчера. Но, не очекував дека е можно за толку кратко време да имаме навистина реални шанси да ја освоиме титулата и повторно да бидеме на исто ниво со најдобрите!“, напиша играчот од средниот ред.
На крајот му се извини на шпанскиот играч Педри за стартот, по што Шпанецот рано го напушти теренот, и за него ова ЕВРО е завршено.
„И уште една работа, многу важна за мене: извинување и брзо закрепнување на Педри! Јасно е дека не сакав да те повредам. Брзо закрепнување и се најдобро. Ти си страшен играч“, напиша Крос.
Wir sagen einfach nur: DANKE TONI. ❤️#Kroos pic.twitter.com/u5f690bmQC
— Sky Sport (@SkySportDE) July 6, 2024
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА