Крос: Најдобро е да се пензионираш додека си на врвот, тогаш одлуката е само твоја

Поранешниот германски репрезентативец Тони Крос даде опширно интервју за шпанските медиуми во кое говореше на повеќе теми меѓу кои и изненадното пензионирање во 2024 година.

Крос открива дека бил подготвен за крај на кариерата и во 2023 година, но останал дополнителна сезона и се пензионирал на начинот на кој секогаш сакал – со освоени титули и перфектна сезона.

„Неколку месеци размислував за тоа, не се разбудив едно утро и реков „Доста е“. Веќе и претходната година размислував за пензија, но на крајот одлучув да продолжам уште една сезона со Реал Мадрид кој инсистираше на тоа. Ништо не можеше да ја промени мојата одлука. Отсекогаш сакав да се пензионирам на ваков начин. Не можеше подобро отколку во последната сезона со Реал Мадрид. Освоена Лига на Шампини и Ла Лига. Збогум“, изјави Крос.

Германецот додаде дека е подобро да се пензионираш додека си на врвот бидејќи така одлуката е само твоја.

„Најдобро е да заминеш додека си на врвот. Заминуваш со фантастично чувство дека ти си тој кој ја донел одлуката. Пред некој да ме прати на клупа бидејќи повеќе не сум доволно добар или доволно важен за тимот, каков што бев до самиот крај. Сакав да избегнам такво сценарио. Ниту мојот тренер, ниту моето семејство, ниту моето тело, никој нема да ми каже кога треба да се пензионирам. Не можеш да играш до 40. Треба сам да запреш пред тоа да ти го каже телото“, додаде поранешната фудбалска ѕвезда.

Се вчитува...