Крос не изненади со изборот: Ова се тројцата најдобри соиграчи од Реал Мадрид

Крајот на настапот на германската репрезентација на Евро 2024 официјално стави крај на една ера откако во пензија замина Тони Крос, фантастичниот фудбалер од средниот ред кој во богатата кариера настапуваше за Баерн Минхен, Баер Леверкузен и Реал Мадрид.

Германецот сега гостуваше на подкастот „Einfach mal Luppen“ каде говореше на повеќе теми, а и одговараше на интересни прашања. Едно од нив беше да ги наброи трите најдобри фудбалери со кои играл во Реал Мадрид.

„Ќе бидам некоректен доколку некој изоставам, но ако баш морам да именувам тројца тогаш тоа се Кристијано Роналдо, Серхио Рамос и Лука Модриќ“, изјави Германецот.

Се вчитува...