Доскорешниот германски репрезентативец и децениски член на Реал Мадрид, Тони Крос откри дека кариерата можел да ја продолжи и во Манчестер Јунајтед со кој преговарал при заминувањето од Баерн Минхен во 2014 година.
Крос имал договор со Манчестер Јунајтед, но се одлучил да премине во Реал Мадрид поради промената на тренерот на „Олд Трафорд“.
„Пред да потпишам договор со Реал Мадрид имав договор со Манчестер Јунајтед кога тренер беше Дејвид Мојс. Раководството на Манчестер Јунајтед одлучи да го промени Мојс, а тогаш го ангажираа Луис ван Гал. Потоа одлучив да го одбијам Манчестер Јунајтед“, откри Крос на својот подкаст.
Крос и Ван Гал соработуваа во Баерн Минхен во сезоната 2010/11, но немале добар однос, открива Германецот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА