Крос открива: Лука ги затвара дискотеките, а Роналдо плаќа

Златната генерација на Реал Мадрид со Крос, Модриќ и Касемиро донесе „кралска“ доминација во Лигата на Шампионите. Тимската хемија и поврзаноста на тројцата „магионичари“ ги олесни работите за шпанскиот тим кој од 2013 година освои пет титули во најсилното клупско фудбалско натпреварување.

За нивата врска сега говореше Тони Крос кој вели дека толку добро се познавале и на теренот воопшто не морале да говорат, а откри и интересни детали за забавите надвор од теренот.

„Секој од нас тројца знаеше каде точно да се постави и која улога ја има на теренот. Не моравме ни да говориме зошто многу добри се разбиравме. Задача на Касемиро е да „чисти“ се на средината, а Лука и јас не бегавме од одговорност во одбраната“, вели Германецот кој потоа откри и како неговите соиграчи се забавувале.

„Бензема е задолжен за музика и тоа значи дека мене истата нема да ми се допаѓа. Роналдо плаќа бидејќи има најмногу пари, Рамос го бира клубот, а Лука го затвара“.

Се вчитува...