„Крос сајклинг“ од Куманово – шампиони на Македонија во планински велосипедизам (ФОТО)

Членовите на велосипедскиот клуб „Крос сајклинг“ од Куманово завршија на првото место на ранг листата на Велосипедската федерација на Македонија во планински велосипедизам на клупско ниво, со освоени најголем број бодови и победи во сите одржани трки на кои настапија оваа натпреавувачка сезона.

За само три години тимот од Куманово предводен од својот претседател Емил Цветанов кој воедно и самиот се натпреварува заедно со своите велосипедисти успеа да оствари голем успех во овој спорт.

Исто така да членовите на „Крос сајклинг” завршија и на второто место на ранг листата на велосипедските зимски игри „ВЕЛОКРОС“. Главен фактор за самиот успех е изградбата на првиот бајк центар во Македонија и професионална патека кои се наоѓаат во Куманово и каде се одржуваат професионалните тренинзи на велосипедистите.

ПОСТИГНАТИТЕ РЕЗУЛТАТИ НА НОВИТЕ ШАМПИОНИ НА МАКЕДОНИЈА

ЕЛИТ: Емил Цветанов – 2. место

ЈУНИОРИ: Борис Стефановски – 1. место, Кристијан Ивановски – 2. место

КАДЕТИ: Дарко Василевски – 1. место

ЖЕНИ: Андријана Анастасовска – 1. место

ГЕНЕРАЛЕН ПЛАСМАН – ВЕЛОКРОС СЕНИОРИ: Емил Цветанов – 1. место

ЈУНИОРИ: Борис Стефановски – 2. место

ЖЕНИ: Андријана Анастасовска – 2. место

Се вчитува...