Тони Крос по елиминацијата на Германија на Европското првенство стави крај на репрезентативната кариера, а сега искусниот играч за врска проговоре и на темата за пензионирање од клупскиот фубдал.
Германецот кој со Реал Мадрид освои три титули во Лигата на Шампионите, две Ла Лиги, по два Суперкупа на Шпанија и на УЕФА, а четири пати го освојуваше и Светскиот куп па вели дека сака да се пензионира во дресот на „белите“.
„Мислам дека ќе биде редно да ставам крај на кариерата во 2023 година кога ќе имам 33 години. Но, сеуште не сум сигурен кога точно ќе биде тоа и како ќе се развива ситуацијата во следната сезона или две, но апсолутно сум сигурен дека ќе се пензионирам како играч на Реал Мадрид“, вели Тони Крос.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА