Ламин Јамал во последните години импресионираше со своите фудбалски мајстории во дресот на Барселона и на шпанската репрезентација, а младиот ас потоа го покажа другото лице – со шокантната забава по повод неговиот 18. роденден.
Шпанските власти покренаа судски процес против Јамал по пријавата за злоупотреба на лица за низок раст. Згора на тоа, беше објавено и дека Јамал повикал десетина старлети за да ги забавуваат гостите, уште една причина поради која 18-годишникот беше жестоко критикуван од јавноста, целосно менувајќи го неговиот имиџ од фудбалски генијалец во неизживеано детиште.
На темата се осврна и легендарниот Тони Крос, германскиот фудбалски великан кој децидно порача дека Јамал ќе мора да внимава на „надворешните влијанија“ доколку сака да продолжи да напредува во кариерата.
„Секогаш велам дека фудбалската кариера не е спринт, туку маратон. Ќе видиме што ќе се случува во следните пет до десет сезони, како ќе реагира на сето она што во фудбалот влегува однадвор. Успехот никогаш не зависи само од случувањата на теренот, туку и надвор од него. Морате да знаете како да ушравувате со сите различни аспекти во животот“, му порача Крос на Јамал.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

