Реал Мадрид доживеа пораз од Ајакс на домашен терен од 1-4 на реванш дуелот од осминафиналето во Лигата на шампионите, прокоцкувајќи ја предноста од првиот меч одигран во Амстердам, што „кралскиот клуб“ го доби со 1-2. Тони Крос истрча најмногу од сите фудбалери на Реал на теренот, но не остави преголем белег во играта на својот тим при убедливиот пораз.
„Тажни сме, но мислам дека Ајакс беше подобар тим и денеска и на првиот натпревар. Тешко е, но мораме да го прифатиме фактот дека тие заслужија да бидат во четвртфиналето“ – рече Крос по мечот.
„Ниту јас, ниту останатите соиграчи денеска не бевме на ниво“ – додаде Германецот.
Тој смета дека лоша сезона може да му се случи на секој клуб, па и на Реал Мадрид.
„Нормално е дека по низа успеси мора да дојде и лоша година. Она што ни се случуваше изминатите три години во Лигата на шампионите, беше нереално. Имавме тешкотии и минатата сезона, но она што е важно е дека и во оваа сезона која не е наша имавме неколку феноменални натпревари“ – порача Тони Крос.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА