Германија со голот на Тони Крос буквално во последната секунда славеше против Шведска со 2-1 и си ги зачува шансите за пласман во осминафиналето на СП 2018.
„Игравме навистина добро но пропуштивме бројни шанси. Мораше да постигнеме гол во првите 10 минути. Но, ако погледнете како се боревме на овој меч, навистина заслуживме победа. Многу не критикуваа, делумно и со право… Но, за жал знам дека некои во Германија не ја посакуваа нашата победа и сакаат да испаднеме уште по првиот круг на натпревари. Тие се за жалање!“ – вели јунакот на Германците, Тони Крос кој ја признава вината за примениот гол од Швеѓаните.
„Секако, грешката за голот на Шведска е моја, тука нема дилема. И после такво нешто мора да соберете сила и да одиграте како што ние одигравме во вториот дел. Ние успеавме во тоа“ – вели Крос.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА