Фудбалерот ос средниот ред на Реал Мадрид, Тони Крос даде своја интересна оценка на одлуката на Ла Лига натпреварите од Примера сезонава да се играат и од 22:15 часот, по средноевропско време.
Крос одигра 90 минути во победата на Реал над Гетафе од 2-0, но очигледно беше дека поголемиот дел од фудбалерите беа повеќе од заморни на крајот од натпреварот…
„Среќен сум за победата. Посреќен сум од што изгледа, но обично спијам во ова време“ – порача Крос по мечот со Гетафе.
На тој начин испрати и индиректна порака до Ла Лига за промена на овие ноќни термини.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА