Крсманчиќ само што дојде, веднаш си оди од Охрид

Охрид неочекувано ќе остане без еден од играчите кои последни му се приклучија на овој клуб, откако Младен Крсманчиќ реши да се врати назад во татковината и да потпише договор со Војводина.

Крсманчиќ дојде во Охрид кон средината на октомври на барање на тренерот Ројевиќ, за да ја засили бековската линија. Сепак, охриѓани како прва опција во тимот го имаат Тилен Стрмљан, па кога се појави опција за камбек во српскиот ракометар тој реши да ја прифати понудата на Војводина, информира „Моцарт Спорт“.

Тимот од Нови Сад е во потрага по нов бек откако во мега-трансфер го продаде Додиќ во Веспрем, а неодамна од Војводина си замина и Бразилецот Жоао Педро, кој потпиша за Вардар.

Во таква ситуација, следеше офанзива по Крсманчиќ, кој има договор со Охрид до крајот на сезонава, па сега се чека само да добие официјален раскин за трансферот во Војводина да биде официјализиран.

Се вчитува...