Младен Крстајиќ и дефинитивно ќе биде новиот селектор на Србија кој ќе ја води репрезентацијата на Светското првенство во Русија. Поранешниот репрезентативец кој и во моментов е вршител на должноста селектор ја доби довербата на раководството на српската куќа на фудбалот.
Официјализирањето на Крстајиќ како нов селектор на Србија се очекува во следните три дена со одлука на Извршниот одбор на ФСС, со што и дефинитивно ќе го наследи Славољуб Муслин.
Крстајиќ, според договорот кој му е понуден, ќе ја води Србија на СП во Русија, но и во Лигата на нации на УЕФА (2018.) како и во квалификациите за ЕП 2020.
Претходно како кандидати за нов селектор фигурираа и Драган Стојковиќ, Александар Станојевиќ, Иван Јовановиќ и Вељко Пауновиќ, но изборот падна на Крстајиќ откако првиот фаворит Драган Стојковиќ – Пикси отпадна поради веќе потпишаниот нов договор со Кинезите.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА